Злосторничко здружение на Клиниката за онкологија: Доктори и сестри крадат лекови за болните од рак, скапата терапија завршува на црниот пазар!

by fokus

„Фокус“ ја открива разработената криминална бизнис-мрежа што се прави на скопската Клиника за онкологија со препродавање лекови.

Во оваа шема се вклучени повеќе лекари и медицински персонал на клиниката. Според нашите доброупатени извори, во системот се внесувале и блиски роднини на екс менаџментот на клиниката, кои не се болни од карцином, но лековите што се наменети за нив, се препродавале.

Исто така, на дел од пациентите им се дава половична терапија без да знаат, со што скапата биолошка терапија завршува на црниот пазар, односно, според неофицијалните информации, на Косово. А, за да можат навремено да го почнат лекувањето, некои пациенти за испитување со пет скен плаќаат и по 700 евра „под рака“

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК