Златко Тодоров е сопственик на „Кубус“, кој прв ја откри аферата „Банки“, односно шемата во банкарскиот систем, која, според него, но и, според извештајот на странскиот експерт Драго Кос, функционира со години.
Случајот „Еуростандард“ го актуализираше случајот „Банки“ и го сврте вниманието и кон Тодоров, кој со години пред институциите докажува дека Комерцијална банка го втурнала во банкарска криминална шема.
Земал кредити од банката за да им дава заеми на фирми што не ги познавал, дел од парите му враќале трети фирми, а потоа тој останувал должен и на банката, и на фирмите.
Во интервју за „Фокус“ зборува за она низ што поминал во оваа негова борба, за влијанието на претседателот на Управниот одбор на Комерцијална, Хари Костов, и за поврзаноста на бизнисот и политиката.
Разговараше
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК