Конечно! По сите турбуленции, „сценариото“ за претставата „Име, НАТО и ЕУ“ чиј режисер е медијаторот Метју Нимиц, силно поддржан од Вашингтон, Брисел, Берлин, Њујорк, но и Лондон и Париз, крајно успешно заврши. По 25 години медијаторство, огромен успех и на Нимиц.
Сега се чека премиерата, во која главните улоги ги имаат македонскиот премиер Зоран Заев и грчкиот Алексис Ципрас.
Се разбира, во неопходните главни „споредни“ улоги се македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров и грчкиот Никос Коѕиас. По Давос, ќе биде пак убаво да се гледаат и слушаат, кога насмеани и среќни викендов во Преспа ќе го потпишат Договорот за решавање на спорот за името.
И, кога својствено на 21 век, засекогаш ќе го отплеткаат „Гордиевиот јазол“. Без оглед на политичката цена, премиерите Заев и Ципрас храбро работеа на решение. Заслужени се честитките што ги добиваат од главните во меѓународната заедница
Пишува
Александар ДИМИТРОВ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”