Последната рунда преговори за разрешување на политичката криза во Брисел фрли сомнеж врз однесувањето на главниот медијатор – еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, поради неговите невнимателни изјави во корист на власта и скриени сугестии за амнестија.
Европратеникот Иво Вајгл, најистакнатиот од тројката европратеници, пак, не престанува да испраќа контроверзни пораки кои му одат во прилог на Груевски.
Без оглед на тоа каква е улогата на бизнис-врските на Хан, или на чудните политички пријателства на Вајгл во Македонија, факт е оти Груевски вешто ги ескивира сите меѓународни повици за проверка на автентичноста на аудиоматеријалите и за нивно процесуирање.
Можат ли САД значително да ги сменат работите и да го пресечат гордиевиот јазол на политичката криза?
Иако нема потврда дека Викторија Нуланд директно ќе се вклучи во преговорите, нејзиното доаѓање на Балканот и во Македонија во јули, ги охрабрува граѓаните и опозицијата дека политичката криза може да добие праведна разврска
Пишува
Љубиша АРСИЌ
Целиот текст може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус”