Забавена изградба на втората делница од пругата кон Бугарија – дел од колачот завршил кај турски подизведувачи основани на ист ден и на иста адреса!

by fokus

Иако уште пред век и половина била проектирана железничка линија што минувала од Скопје до Ќустендил, како дел од паневропскиот Коридор 8, сепак до денес оваа пруга не е изградена.

Во овие 3 децении по осамостојувањето на Македонија, во неколку наврати почнуваат градежни активности со цел изградба на стратешки важната железница, но и домашните градежни гиганти и ангажираните странски компании ја оставаа работата на половина.

Голем чекор напред кон реализација на проектот се направи пред 2 години, кога тогашната влада на СДСМ склучи договори со странски фирми за изградба на 2 од вкупно трите секции, на колку што е поделена пругата од Куманово до границата со Бугарија, во вкупна должина од 90 километри.

За изградба на првата делница од Куманово до Бељаковце, долга 31 километар, беше потпишан договор со австриски „Штрабаг“ во износ од над 40 милиони евра, додека за втората секција од Бељаковце до Крива Паланка од 34 километри беше потпишан договор со турски „Гулермак“ во вредност од 155 милиони евра.

Што се однесува до третиот најтежок дел од трасата од Крива Паланка до бугарската граница од 23,4 километри беше обезбедена финансиска конструкција од преку половина милијарда евра и почна процес на избор на изведувач, но цела постапка ја прекина новата владата на ВМРО-ДПМНЕ, чии претставници обвинија дека проектот бил коруптивен, па дури и дека на премиерот му бил нуден поткуп.

Додека власта е на добар пат да најде заеднички јазик со бугарската страна, со цел заеднички да го изградат тунелот што ќе ги поврзува двете држави, „Фокус“ истражуваше како тече изградбата на останатите делници. Па, ако првата траса е речиси готова, сосема поинаку е на втората делница меѓу Бељаковце и Крива Паланка, каде што, според податоците што ги обезбедивме, на половина од времетраењето на договорот, процентот на реализација е 25 отсто.

Притоа, дојдовме до информации дека изведувачот ангажирал 4 подизведувачи за вкупно 15 отсто од договорот, меѓу кои има 2 компании во сопственост на турски државјани, регистрирани во ист ден, и згора на тоа – на иста адреса!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК