Николоски, многу години е дел од политичкиот живот. Бил претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а моментално е партиски потпретседател.
По 10-годишен стаж како републички пратеник, за првпат стана дел од егзекутивата. Иако многумина го гледаа како шеф на дипломатијата или полицијата, сепак, на крај стана вицепремиер и министер за транспорт. Во интервју за „Фокус“, говори за главните проекти што влегуваат во негова ресорска надлежност, откривајќи нови информации и изнесувајќи сериозни наводи во врска со надзорот над автопатските делници што (треба да) ги гради „Бехтел-Енка“, за автопатската траса кон Блаце, за пругата кон Бугарија…
Притоа, тврди дека до крајот на 2026 година ќе има функционален автопат од Кичево до Охрид, но за најголем дел од другите проекти вели дека потребно е да се преиспитаат, со цел да се реализираат рационално. Воедно, посочува дека истражните органи ќе имаат 10 години работа само ако го земат предвид кажаното на нивните пресови и напишаното во новинарските стории.
Во врска со интеграцискиот процес, стои на тезата дека доколку владата покаже резултат во борбата против криминалот и корупцијата, нашата положба ќе се подобри, а притисокот ќе се префрли кон Бугарија.
Исто така, говори и за државните компании-загубари, за влезот на трет телекомуникациски оператор, за законските измени во урбанизмот…?
Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК