За 3 години се одлеале над 3 милиони евра за механичко срце – пациенти умираат од мозочен удар чекајќи трансплантација!

by fokus

Бројот на пациенти со механичка потпора се движи од 20 до 25 на годишно ниво.

Тие се на товар на Фондот за здравство, без разлика дали интервенцијата се извршува на Државна кардиохирургија или, пак, во приватните „Жан Митрев“ и „Аџибадем Систина“.

Тие влегуваат во вкупниот буџет за кардиолошки интервенции, кој болниците го добиваат и кој на годишно ниво се движи од 6 до 9 милиони евра. Во последните 3 години, пак, конкретно за овој тип зафати се издвоени над 3 милиони евра.

Откако на еден пациент ќе му се стави механичко срце, тоа треба да се носи само неколку месеци, а потоа да се изврши трансплантација.

Но, пациентите ги носат и по повеќе од 5 години, па голем дел од нив умираат. За цел овој период, најчеста причина за смрт се мозочните удари, поради крвавењата што ги предизвикува притисокот од самата пумпа.

Досега, од вкупно 11 направени трансплантации на срце во Македонија, ниту една од нив не е на пациент со механичко срце.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК