Никола Немов, американски продуцент со македонско потекло, доаѓа на повик на премиерот и на министерката за култура за да сними серија, која треба да му раскаже на светот за вистината за Македонија, за борбата, независноста и идентитетот.
Арно ама, сите се навртеле против Никола и никој не сакал да му дозволи да ја екранизира вистината за Македонија! Американски, германски, британски шпиони и домашни предавници го спречуваат Немов да го сними серијалот, исто како што „го спречија“ Никола Груевски да го одбрани македонскиот идентитет!
Ова е сижето на сценариото за првата сезона од несудениот филмски серијал „Македонија“, пропаганден памфлет наменет за спас на Никола Груевски.
Серијалот, за жал, не ја виде светлината на денот, затоа што хрватски „Јадран филм“ не испорача ниту една епизода до Македонија, иако наплати еден милион евра.
Каква ќе биде разврската на оваа високобуџетна филмско-патриотска сапуница?
Пишува
Љубиша АРСИЌ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”