Што повеќе пари трошиме за пратениците, толку повеќе ќе очекуваме да ги оправдаат тие пари.
Ако купиш пенкало од 15 денари, и тоа не функционира, ќе го фрлиш, и нема да се секираш многу оти за 15 денари загуба, не вреди да трошиш нерви. Но, ако купиш некое луксузно пенкало од 150 евра и тоа испадне дека е ѓубре, па има да те заболи срцето бре поради таа промашена инвестиција.
Ако за парламентот трошиме по 5 милиони евра годишно, и да функционира, и да не функционира како што треба, големо чудо, оти што се пет милиони од државен буџет тежок 5 и пол милијарди?
Но ако трошиме по 15 милиони годишно, има да очекуваме за таа пара да покажат пратениците квалитет!
А ако не покажат, ќе имаме посилен мотив да не апстинираме на следните избори за да ги казниме жестоко.
Пишува:
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК