Во моментов, во градот има 112 граѓани, кои со решение се ставени во домашна изолација, а тоа значи дека веќе имале контакт со некои од заразените и, ако случајно ја прекршат самоизолацијата, кривично ќе одговараат.
Исто така, има уште 366 лица, кои се во самоизолација, но тие, за разлика од другите, само се вратиле од други земји и поради тоа мора да го поминат периодот од 14 дена додека трае инкубацијата.
Тоа значи дека од тие 112, многумина би можеле да го носат вирусот во себе. Нашите извори тврдат дека во град, кој е трет по големина во земјава, има само двајца епидемиолози што работат на терен и како тие бие постигнале да се справат со големиот број заразени пациенти.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК