Изреката вели дека „секој успех е како богат чичко пред умирање кој одеднаш сфаќа дека имал еден куп роднини кои сакаат да го наследат неговото богатство, додека секој неуспех е како сираче (или уште полошо, курвин син) т.е. дете кое никој не го признава за свое чедо“.
Секоја кауза што или е веќе успешна (на власт) или има изгледи наскоро да стане успешна, наликува на богатиот чичко околу чие богатство се собираат како муви на свеж измет еден куп хохштаплери, кои сите глумат дека го сакаат и почитуваат чичкото со цел да го инспирираат да им остави барем дел од богатството, т.е. да се сети на нив во неговиот тестамент.
Онаа кауза, пак, која е во опозиција, падната од власт и без изгледи за во скоро време да се врати на власт, таквата кауза, таквата партија, тоа движење, е баш како курвин син. Никој не сака да признае дека детето е негово, иако факт е дека многумина му ја „познавале“ мајката.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”