Доктор Виолета Клисаровска, долги години работи како онколог на скопската Клиника за онкологија, а лани во ноември седна на директорската фотелја и управува со клиниката, која повеќе од еден месец е мета на предистражна постапка за препродажба на лекови и загрозување на здравјето на пациентите.
Клисаровска во интервју за „Фокус“ објаснува со какви проблеми се соочила кога стапила на функцијата, посочувајќи дека, иако буџетот на клиниката за лекови е зголемен, сепак тој не е доволен за реалните потреби, како и за зголемениот број нови пациенти.
Таа, исто така, истакнува дека клиниката има итна потреба од нови вработувања, како и дисперзија на пациентите во другите онколошки одделенија низ државата.
Разговараше
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК