Вевчанската компанија на семејството Мукоски наплатила 1,5 милион евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти!

by fokus

Шест години откако владата побара истрага за договорите за тековно одржување меѓу АД за стопанисување со станбен и деловен простор и „Атриум“ на семејството на Крсто Мукоски, МВР поднесе кривична пријава против поранешниот директор Цветко Грозданов и 9 вработени.

Иако тие, според МВР, ѝ овозможиле на вевчанската фирма незаконски да заработи 725 илјади евра за 4 години, сепак, не се гони никој од фамилијарната компанија на поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше амнестиран откако ги поддржа уставните промени по Преспанскиот договор.

Според податоците до кои дојдовме, во последната деценија, некогашниот ПУИК склучил рамковни спогодби за тековно одржување вредни 3,3 милиони евра, во чии рамки биле реализирани договори во износ од 1,5 милион евра. Обемната документација со која располагаме открива дека речиси секогаш кога друштвото ги добивало тендерите, се проблематизирала големата разлика во цени.

Всушност, тоа го констатирала и Комисијата за јавни набавки и нивни членови, кои утврдиле значителни отстапувања меѓу ориентационите и понудените цени.

Затоа, Комисијата се обратила до Секторот за стопанисување, кој потоа, пак, се обратил до стручни лица од Секторот за градба, од каде што навеле дека, сепак, цените се движат во „некоја граница на пазарни“.

„Фокус“ располага со детални листи, кои откриваат фрапантна дискрепанца меѓу цените, што на крајот очигледно било занемарено. Што точно покажува нашето истражување?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК