471
Најавата за големата реформа на Управата за безбедност и контраразузнавање, која од јуни годинава ќе се трансформирала во Агенција за национална безбедност (АНБ), не значи ништо друго, освен дека волкот ќе го промени влакното, ама ќудта ќе му остане иста.
Акронимот УБК ќе се замени со АНБ и толку, исто како што претходно УДБА се преименува во СДБ, таа во ДБК, оваа во УБК и сега УБК во АНБ. Формата и логото се менуваат, а суштината останува. Класика. Веројатно така ќе се случи и овојпат.
Пишува
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ