Убиствата на Панче и Вања ја отворија Пандорината кутија – дали Палевски е вмешан и во мистериозното исчезнување на Роберт Плескоњиќ пред 2 години?

by fokus

Откако Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишев признаа дека биле дел од криминална група предводена од Љупчо Палевски-Палчо, кој, според нив, го извршил убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, се чека да заврши екстрадициската постапка за Палевски, за да се расчисти целата слика околу мотивот и другите аспекти на грозоморното злосторство.

Во меѓувреме, тројцата соучесници се во притвор, исто како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, иако негира дека на Палчо му дал информација кога неговата ќерка излегува од дома, со цел да биде киднапирана и потоа да изнудат пари од мајката Зорица.

Деновиве, пак, контроверзниот српски политичар Срѓан Ного објави снимки, тврдејќи дека убиството на Вања е нарачана и платена ликвидација, дека требало да биде убиена и нејзината сестра Миња, а нивниот татко Александар е неправедно притворен.

Според информациите на „Фокус“, клучен момент за решавање на случајот се проверките на возилото на Панче откако тоа било опожарено по што било доведено во корелација со Палевски и неговата дружина, па клопчето почнало да се одмотува.

По обелоденувањето на двојното убиство, нашите сознанија говорат дека се проверуваат нерасветлени случаи, како што е исчезнувањето на скопјанецот Роберт Плескоњиќ пред точно 2 години, кој претходно имал интензивна комуникација со Палчо.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК