Турбуленции во Македонскиот олимписки комитет: Како фирми поврзани со претседателот Димевски закупија локација под Кале со вцртана маркичка за спортски објект?

by fokus

„Фокус“ го истражува спорниот закуп на дел од спортско-рекреативниот центар „Кале“ од страна на поранешниот советник за спорт на експремиерот Зоран Заев, Даниел Димевски, кој сега се бори за втор мандат на чело на МОК, откако спортски федерации и работници побараа негова смена.

Според документацијата што ја обезбедивме, неговата „ТУРД Олимпик“ склучила договор на 30 години за закуп базенот „Плаја Виста“, каде што, според проверките што ги извршивме, урбанистичкиот план предвидува изградба на спортски објект.

Сепак, по реакциите на ДКСК, ЈП за стопанисување со државни спортски објекти го раскинува овој и склучува нов 10-годишен договор со друга фирма – „Г3-Фуд“, со тоа што двете страни, заедно со „ТУРД Олимпик“, прават договор со цесија, со цел закупнината да се пребива со судски потврден долг уште од 2003 година.

Арно ама, проблем е фактурата меѓу двете компании, која ја немало во претпријатието, па реагирале УЈП и Финансиска полиција, а постапува и Јавното обвинителство. На крајот, ЈП го поништува и овој договор, но другата страна тоа не го признава!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК