Како што забележал големиот американски сатиричар Марк Твен, полесно е да ги излажеш луѓето, отколку да им објасниш дека биле излажани.
Како што на тројанската пророчица Касандра не ѝ верувале оти била жена, така и во наше време разни извори на информации и анализи се отфрлаат во старт оти доаѓаат од извори во кои се нема доверба, било оти медиумот е прозападен, или, пак, е проруски, оти аналитичарот е вмровец или е сдсмовец, оти Бугари или Албанци ја промовираат таа идеја и слично.
Оној кој решил да не верува во нешто, не прифаќа докази за тоа нешто, додека оној кој решил да верува во нешто, не ни бара докази за тоа нешто.
Кога тројанскиот коњ има форма на штетна идеја, портите на Троја се најшироко отворени.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК