Партизација пред квалификација беше единствениот критериум по кој функционира третиот ешалон. Тоа што е карактеристично за сите овие години е дека директорите најпрво се избираат како вршители на должност, поточно в.д. директори.
На овој начин, се избегнува конкурс, биографија, интервју…
Во моментов се именувани директори на речиси сите поважни институции во државата, а од имињата што досега излегоа во јавноста, може да се забележи дека станува збор за луѓе блиски до Мицкоски, членови на извршен комитет и претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Накусо кажано, вмровци со тапија.
Меѓутоа, специфично е тоа што дел од поставените функционери се старо-нови, поточно влечат конци од времето на Груевски.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК