249
Откако градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, во свои раце ги зеде спомениците од проектот „Скопје 2014“, реши да потроши уште некое евро за нивното разубавување.
Поточно, градот Скопје, одлучи да потроши нови 37.000 евра, за спомениците да светат поубаво, или како што е наведено во склучениот договор, објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, овие пари ќе се потрошат за „изработка на основен проект за санација и реконструкција на илуминација на споменици, спомен обележја, скулптури и фонтани, со вклучена ревизија“.
Тенедерот го доби „Градежниот Институт Македонија АД-Скопје“, кој има рок од два месеца да си ја изврши задачата дадена од градскиот татко Трајановски.