Околностите се сменија, владата се смени и на чело на скопска Токсикологија седна старо-новиот директор Андон Чибишев.
Тој беше прв човек на клиниката во времето на ВМРО-ДПМНЕ под капа на Никола Груевски, седнувајќи на директорското столче од 2006, па сѐ до 2016 година, а како што објавивме тогаш, тој бил директор на клиниката во истиот период додека ја извршуваше пратеничката функција.
Чибишев веќе десет месеци е на оваа позиција, но вработените на клиниката се на нозе, револтирани од новиот директор, кој според нив постојано им врши мобинг, им се заканува со работните места, а на тој начин ја нарушува целата работна атмосфера на клиниката.
Тие, не можејќи да го издржат целиот овој товар, со редакцијата на „Фокус“ ги споделија сите документи со кои располагаат, меѓу кои е и писмото потпишано од десет професори и доктори на клиниката испратено до премиерот Мицкоски и актуелниот министер за здравство, каде што се бара разрешување од позицијата директор на Чибишев.
Од друга страна, тој, пак, тврди дека на клиниката мора да има ред, а не да владее анархија.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК