Тоа што Брисел ни подметнува „Мал Шенген“ не значи дека се работи за лоша идеја

by fokus

Очигледно е дека Брисел има задни намери со идејата за балкански „Мини Шенген“, така што превентивно или однапред ќе не смести во втората лига на Европската унија. Но, тоа не значи дека ние целосно треба да ја отфрлиме идејата за  регионално поврзување, кое според експертите гарантирано ќе ни донесе економски резултати.

Македонија не мора да се огледува на стариот неуспешен југословенски модел, туку на екстра успешните примери на Скандинавија, Бенелукс и Вишеградската група. Секој од овие региони, иако е дел од Европската унија, нашол начин дополнително економски да профитира преку најтесното регионално поврзување.

На крајот, не треба да се заборави ниту дека и самата Европска унија својата историја ја почна како Заедница за јаглен и челик

Пишува
Дејан АЗЕСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК