Албанските граѓани се обединети во скептицизмот дека Брисел им подготвува долг, а можеби и бесконечен процес на преговори за пристапување кон ЕУ. Јавноста во Тирана е едногласна дека ЕУ има погрешен пристап и дека ако сака навистина да се бори со корупцијата во Албанија, тоа единствено може да го направи во рамки на процесот на преговори, а не надвор од него, како што сега се обидуваат од Брисел.
Дополнително се предупредува и дека Турција и Кина само чекаат уште една грешка на ЕУ, за целосно да го повратат своето влијание во Албанија. Ако на тоа се додадат и економските проблеми и крајно проблематичната и неодржлива политичка ситуација на премиерот Еди Рама, може да се констатира дека Албанија не е само географски блиска до нас, туку е и најслична од секој друг можен аспект
Пишува
Дејан АЗЕСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК