Текстилки потпишувале дека се откажуваат од својата работа, тврдат дека биле измамени

by fokus

Како што тврдат работничките, досега никоја од нив не знаела што потпишала во канцеларијата на претпоставените. Од Државниот инспекторат за труд дознаваме дека се работи за спогодби.

Со овој потпис работничките се откажуваат од правата што им следуваат доколку добијат отказ затоа што фирмата минува низ турбулентен период и прави реорганизација на работењето.

Со потписот тие се откажале од правото на испратнина или каков било надомест. Се поставува прашањето, зошто работнички, кои се пријавени на минималец од 12.000 денари, би се откажале од каков било надомест?

Пишува
Маја ВАСЕВА ТРАЈКОВА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК