Стево Пендаровски: Ако излеземе од радарот на ЕУ, се создаваат предуслови повторно да „забегаме“ во авторитарен режим!

by fokus

„Четвртиот Илинден треба да биде континуиран процес, а не само еден настан – градењето независно правосудство, транспарентни институции, култура на казнување при кршење на законите не се прави со одлука“, вели претседателот Пендаровски во интервју за двобројот на неделникот „Фокус“, кој излегува на 2 Август-Илинден.

Притоа, тој изразува оптимизам за иднината на државата, истакнувајќи дека сигурно со децении ќе опстои во овие граници и ќе биде просперитетна членка на ЕУ.

Сепак, предупредува дека ако останеме надвор од преговорите со Унијата, се создаваат предуслови за воскреснување автократски режим, каков што имаше од 2006 до 2016 година.

Според него, уставните измени се техничко прашање што треба да се реши, бидејќи во спротивно ќе трпиме и значителни штети по развојот на државата.

Со шефот на државата разговараме и за правосудството, економијата, безбедноста, како и кои фактори ќе бидат клучни за неговата одлука дали да се кандидира за втор мандат

Разговараше
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК