Спорните набавки на „отровен и канцероген“ мазут за ТЕЦ „Неготино“ го оштетиле буџетот за 167 милиони евра!

by fokus

Јавното обвинителство поведе истражна постапка против 13 физички и едно правно лице поради сомненија за злоупотреба на постапка за јавен повик и перење пари во периодот 2021-2023 година.

Станува збор за милионските набавки на мазут за потребите на ТЕЦ „Неготино“ во вкупна вредност од околу 212 милиони евра, при што осомничените поднеле невистинита документација, не ги извршиле договорените обврски и оствариле имотна корист на штета на државниот буџет во вкупен износ од околу 167,5 милиони евра.

Инаку, меѓу осомничените се поранешниот генерален директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, заедно со повеќе секторски директори и членови на комисиите за јавни набавки, како и бизнисмените Ратко Капушевски, Ерџан Сулкоски и Асмир Јахоски, син на пратеникот Исмаил Јахоски.

Притоа, опфатена е и компанијата со која биле склучени вредните договори за мазут во време на енергетската криза – „РКМ“, основана од Капушевски, чиј партнер пред неколку години стана Сулкоски, поранешен вработен во „Пуцко петрол“ на Јахоски.

Воедно, Сулкоски порано бил партнер во друга компанија и со Куштрим Смајлал, зет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Токму во периодот на спорните набавки на мазут, кој дел од медиумите и партиите го нарекуваат „отровен и канцероген“, „РКМ“ бележи голем раст и остварува милионски профити.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК