Случај „корнишони“: Со фиктивни фактури и платни налози, зет на Заев избегнал да плати долг од 4 милиони евра кон австриска фирма!

by fokus

Случајот „корнишони“, кој прв во јавноста го отвори „Фокус“ на средината на минатата година, резултира со обвинение пред велешкиот суд, но и со стечај за компанијата на зетот на поранешниот премиер Зоран Заев – Атанас Костов, кој, всушност, е првообвинет во предметот, каде што уште опфатени се управител, нотар и извршител.

Обвинителката бара судот да го прогласи за виновен затоа што со фиктивни фактури за долгови, позајмици и компензации го префрлал имотот на компанија во сопственост на сопругата, за да избегне да им ја плати штетата на Австријците во вредност од речиси 4 милиони евра, потврден од страна на меѓународен арбитражен суд.

Поранешниот австриски амбасадор, за случајот го прозва и експремиерот Заев, кој, пак, му одговори дека ќе го тужи.

Пишува
Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК