Штом до сега толку пати не успеавме да пропаднеме, изгледа и за пропаѓање не нѐ бива

by fokus

Значи, десет, единаесет, можеби и повеќе премрежја за 27 години историја, секое со потенцијал да доведе до пропаст, колапс, апокалипса на Македонија и ниту едно од нив не ја уништи Македонија.

Ама затоа сега двојазичноста ќе ја уништи и ќе ѝ стави крај на земјава, ќе ја закопа и ќе биде тоа најголемата можна катастрофа, трагедија и апокалипса. Како да не.

Моменти за потенцијална апокалипса со лопата, море со багер да ги ринеш имавме. И сепак, на голема жал на сите наши душмани, не пропаднавме во таа дупка ископна со лопата или багер.

Очигледно, штом до сега толку пати не успеавме да пропаднеме, а можевме, и како и да сакавме на моменти, изгледа и за пропаѓање не нѐ бива.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”