Што содржат иницијативите за оценување на уставноста на Законот за јазиците?

by fokus

Со одлуката да одржи подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците, Уставниот суд, барем привремено, ги смири политичките тензии, главно генерирани од наративот на ДУИ дека се доведуваат во прашање колективните права на Албанците произлезени од Рамковниот договор.

Во исчекување на конечната судска одлука, „Фокус“ побара дел од иницијативите за оценување на уставноста на (делови од) законот, со цел да изврши увид кои точки сегменти и аспекти ги проблематизираат 13-те подносители.

Еден од нив е и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која како опозиција ја спореше уставноста на „Законот за двојазичност“, бидејќи тој бил штетен и противуставен.

Сепак, од таму не ни ја доставија иницијативата, но тоа го стори опозициската Левица, која навела низа констатирани прекршувања. За што станува збор?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК