Што се крие зад отпорот кон изградба на асфалтна база во Визбегово со правосилна градежна дозвола и одобрен елаборат за животна средина?!

by fokus

Откако обезбедила одобрение за градење од Општина Чучер Сандево, градежната компанија „Топ Билд“ почнала со изградба на асфалтна база, на локација сместена на самиот крај на т.н. индустриска зона Визбегово.

Иако во овој реон функционираат десетина асфалтни и бетонски бази, објекти за камен, па дури и диви депонии, локални стопанственици и жители одлучија да реагираат против последниот обид за изградба на асфалтна база.

Досега, тие организираа протести и ги попречуваа градежните активности, тврдејќи дека изградба на асфалтна база прави штети врз колективното здравје и предизвикува сериозни болести.

Додека од таму тврдат дека инвеститорот не смеел да добие дозвола за градба, бидејќи елаборатот за животна средина бил неправилно изработен, од „Топ Билд“ истакнуваат дека надлежното Министерство за екологија им издало решение за одобрување на елаборатот, што всушност е еден од документите неопходни за издавање на одобрението за градење.

Имајќи предвид дека овој случај предизвика внимание во јавноста, „Фокус“ обезбеди документација и воедно побара одговори од надлежните и засегнатите страни.

До какви податоци и сознанија дојдовме?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК