Што подразбираат Скопје и Атина кога говорат за компромисот?

by fokus

Мора еден да отиде, за друг да дојде! Така е во животот, но и во политиката. Се разбира, така е и во дипломатијата. Особено кога се гради доверба. Од Аеродромот си замина Александар Велики, ама никако да пристигне Никос Коѕиас, грчкиот министер за надворешни работи.

Што е проблемот? Авионот ли не е подготвен? Багажот ли е претежок, односно Нацрт-спогодбата од 20-тина страници што треба да ја донесе. Или не е „доспакувана“, па во последен момент нешто од неа и „распакуваат“?

Којзнае, проблем можеби е и што Министерството за надворешни работи во кое ќе треба да разговара со својот домаќин за решавањето на спорот за името е на сѐ уште непроменета адреса. На булевар „Филип Втори Македонски“?

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”