Господине Мицкоски, нели додека бевте во опозиција, секојдневно татневте од Белата палата дека најтешко болните пациенти се оставени без лекови и дека штом ќе се преселите на Илинденска, веднаш ќе најдете решение на проблемот. И тоа одржавте куп прес-конференции благодарение на текстовите на „Фокус“.
И еве веќе седум месеци сте на Илинденска, но Онкологија не е мрдната од почетна точка. Решение никакво, пари нема, лекови нема, а болните ја живеат трагедијата, која секојдневно им ја сервира државата. До кога вака, до кога државата ќе одлучува кој до кога ќе живее?
Се скапавте од сечење црвени ленти, удирање камен-темелници, удирање лопати… Веќе не можам ни да пофатам кој каде сече црвена лента. Дај бе луѓе, бидете разумни. Зар не сфаќате дека скопска Онкологија е во тотален колапс, дека болните умираат секојдневно, дека стана Клиника на смртта.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК