По дебаклот на двојните избори, Димитар Ковачевски најави внатрепартиски избори на сите нивоа, но не поднесе оставка од лидерската позиција во СДСМ на јасен и недвосмислен начин.
Тоа предизвика разни интерпретации, почнувајќи од тоа дека не сакал да ја понесе одговорноста за неуспехот само на свој грб, па завршувајќи со тоа дека можеби не размислува да се повлече, туку да влезе во трка за нов мандат.
Што ќе се случи на крај, ќе покаже времето, но неофицијално веќе циркулираат повеќе претенденти за негов наследник, меѓу кои се вбројуваат Зоран Заев, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Венко Филипче, Петре Шилегов, Стефан Богоев, Јован Деспотовски, Игор Ивановски, Гордан Георгиев, Никола Поповски…
Она што е побитно од кадровското решение е каков концепт и визија ќе понуди за партијата, на која неопходни ѝ се радикални резови и темелен ремонт, за да почне да се враќа на победнички патеки. Во спротивно, ризикува целосна пропаст!
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК