„Договорот со Грција е склучен и е ратификуван во Собранието. Оние кои нема да гласаат на референдумот, всушност, не помагаат за отфрлање на договорот. Ако нема цензус, нема обврска за Собранието да дејствува на овој или на оној начин. Немате одлука. Само ако има повеќе граѓани што се против договорот, при остварен цензус, Собранието ќе мора да ја поништи ратификацијата на Договорот“, ова се правните објаснувањата на Рената Тренеска-Дескоска за последиците од евентуалниот бојкот на референдумот.
Оттаму, министерката за правда јавно ја поставува дилемата: дали можеби ВМРО-ДПМНЕ со евентуална одлука за бојкот, молчешкум го поддржува договорот и се задоволни што спорот е решен, а тие немаат никаква одговорност за тоа?
Разговараше
Јадранка КОСТОВА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”