Рамуш Харадинај: Со членството во НАТО, Македонија ги затвори прашањата за промена на границите

by fokus

По затворањето на македонското прашање за името, кое ѝ го отвори патот на Македонија за членство во НАТО, следно прашање во регионот што чека решавање пред интеграцијата на балканските земји во евроатлантските институции, е косовското.

Разговорите меѓу Белград и Приштина се во прекин поради царините што Косово ги воведе за српските производи, како одговор на лобирањето на Србија против зачленувањето на Косово во Интерпол и УНЕСКО. Состојбата уште повеќе ја искомплицира идејата за размена на територии меѓу Косово и Србија, која ја заговараат претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај одбива да ги укине царините и се противи на идејата за размена на територии. Со премиерот Харадинај во Приштина разговаравме за овие актуелни прашања за регионот и за односите на Косово со Македонија, како и за перспективите на земјите од Балканот.

Разговарале:
Дејан АЗЕСКИ
Насер СЕЛМАНИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”