Работниците ќе р’мбаат 3 години повеќе за да има доволно пари за пензии!

by fokus

„Фокус“ пишуваше дека претставниците на меѓународните финансиски организации побарале да се размисли за подигнување на старосната граница за пензионирање, а експертите сметаат дека прашање на време е кога владата ќе соопшти дека донела таква одлука.

Директорот на ПИОСМ, Никола Мемов рече дека таков предлог нема да излезе од институцијата, освен ако не се одлучи поинаку на влада, која, сепак, е надлежен орган за ова прашање, а не Фондот.

Инаку, околу 350.000 пензионери добија повисоки пензии за 2.500 денари и тоа го чини Фондот за пензиско и инвалидско осигурување 14 милиони евра месечно или 56 милиони евра до крајот на годината.

Пишува
Орце КОСТОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК