Пукна тиквата меѓу Данела и Драги-Книга: Арсовска му се налутила на Митковски, бидејќи наводно имал средба со Мицкоски во „Воденица“!

by fokus

Откако проструи информација дека односите меѓу скопската градоначалничка Данела Арсовска и Драги Митковски-Книга се нарушени, „Фокус“ поразговара со Митковски, кој ни потврди дека нивната комуникација официјално завршила на 11 јули, кога, како што вели Митковски, Арсовска прекинала да разговара со него.

Според нашите информации, Арсовска тоа го сторила откако го обвинила Митковски дека бил на ручек со премиерот Христијан Мицкоски во „Воденица“, па со тоа на некој начин ѝ забодел нож во грбот, со оглед на тоа дека таа го смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за свој непријател.

Инаку, Митковски тврди дека немал никаков официјален ангажман во Град Скопје, но признава дека многу ѝ помагал на Арсовска, која во една пригода, пак, јавно изјави дека тој ѝ бил семеен пријател. Во меѓувреме, некој го запали возилото на синот на Митковски…

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК