Преку матна шема до бистра вода: Дали од „хрватска“ фабрика за вода во Дебар извира руски капитал под западни санкции?!

by fokus

Во име на „МЛ-Гари“, која пред десетина години почна да гради фабрика за вода во дебарското село Гари, настапија хрватските државјани Дашмир Абдија и Бранислав Којиќ.

Еден од нив изјави дека тие не се реални инвеститори, туку во заднина стои банката „Промсвуаз“, која неодамна премина во сопственост на руската држава.

Сега, македонската компанија го негира тоа, но ги потврдува написите дека проектот го кредитирале лица од опкружувањето на хрватскиот бизнисмен Михаило Перенчевиќ, кој преку градежниот гигант „Велестрој“ се поврзува со нафтената „Транснефт“ раководена од олигархот Николај Токарев, близок пријател на Путин од деновите минати во КГБ.

Адвокат на македонската фирма, пак, е Миле Зечевиќ!

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК