„Ремедика“ не ја почитува забраната и без никаков проблем продолжува со работа. Единствено имаат дозвола за гинекологија и хирургија, но не за ортопедија, физикална медицина, ОРЛ, неврологија, дерматовенерологија и за педијатрија, што значи дека низ годините, илјадници пациенти се прегледани и оперирани на диво.
Оттука, се поставува прашањето – кој ќе одговара што болницата не е запечатена со жолта лента, а министрите за здравство не ја одзеле дозволата?
Адвокатите со кои разговаравме велат дека работата без дозвола и протоколи е надрилекарство, а со тоа се доведува во опасност здравјето на пациентите. Воедно, „Фокус“ открива уште едно законско прекршување во здравството – над 20 лекари од приватните клиники работат на Штипскиот државен универзитет, иако тоа е стриктно забрането!
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК