Дали треба луѓето да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи го сакаат Грујо или да го сакаат Грујо бидејќи гласаат по навика и традиција за ВМРО-ДПМНЕ? По десет години континуиран илеизам на квадрат, има ли навистина разлика?
Сѐ додека му дозволуваат, Груевски ќе зборува секогаш во името на народот. Поточно, не додека му дозволуваат (трето лице), туку додека му дозволуваме (прво лице, ама множина).
А како да се дојде до таа множина? Па, секој треба да почне од себе, од првото лице еднина. Па, потоа, еднина по еднина – множина ќе стане.
И тогаш нема да биде Груевски повеќе прво лице во државава, а неговите следбеници битни лица во државата.
Тогаш, сите тие ќе станат – обвинети лица.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”