Повеќе поликлиники и ординации, но и сомнителни инстаграм-профили, нудат инфузии со нелегален лек – кој е надлежен да реагира?!

by fokus

Иако за тие инфузии нема научни докази, сепак лека-полека ги преплавуваат и ординациите по општа медицина, кои со вртоглави цени ги „освежуваат“ сите оние што сметаат дека на тој начин ќе се изборат со стресот и со брзиот начин на живот.

Сето ова, кое досега беше табу-тема за Македонија, наеднаш „експлодира“, па таквите витамински инфузии можат да се најдат во општите ординации во земјава, каде што на големо се користат.

Светскиот тренд се пресели и во Македонија, но, за разлика од соседните земји, ние имаме еден голем проблем, а тоа е дека во тие инфузии се користи лек, кој воопшто не е регистриран во Агенцијата за лекови МАЛМЕД.

Она што е уште поалармантно е што скандалот се шири, па на површина испливаа повеќе ординации, кои користат нерегистриран лек во инфузии.

Меѓу нив е поликлиника во скопски Чаир, потоа ординација во Струмица, како и неколку профили на кои нема ништо конкретно, но, сепак, ги нудат овие фамозни инфузии.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК