По обелоденувањето на сторијата дека Дончев во 2018 година примил 3 милиони денари од компанијата за интернет-портали регистрирана во Муртино „Ремаркет“, чии приходи доаѓале исклучиво од австралиската „Мегантик“, обвинителката Вилма Русковска потврди дека се води истрага.
Како што дознава „Фокус“, обвинителството веќе побарало припадници на МВР да извршат проверки во струмичката фирма, но го одбило барањето на полицијата да биде ставен на стоп-листа поради ризик од бегство.
Во меѓувреме, антикорупционерите ја проверуваат веродостојноста на неговиот анкетен лист, во кој, според нашите сознанија, тој не ги навел називите на двете фирми каде што поседува акции во вредност од 2 и пол и 6 и пол милиони денари.
Неофицијално, се работи за странски компании!
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК