ПОРТРЕТ Гордана Сиљановска-Давкова: Како кандидатка се залагаше за владеење на правото, правдата и моралот, а како претседателка помилува криминалци и избегнува одговорност!

by fokus

Дали го помилувавте Бедри Зекири – ова прашање му го упати Сиљановска на Пендаровски на еден предизборен дуел, обвинувајќи го дека амнестирал докажан криминалец и дилер.

За волја на вистината, прашањето на Сиљановска беше на место, од причина што Зекири е дел од нарко-кланот „Барон“, кој води битка за превласт со криминалниот сојуз „Грчец-Дуќанџик“, па Пендаровски требало да води сметка кому дели милост.

Арно ама, откако седна на претседателската фотелја, и Сиљановска помилуваше високо рангиран член на подземјето – Акив Равмановски, исто така од „Барон“.

Но, сега од позиција на власт, таа го нема истиот критички став и аршин, туку смета дека немало ништо спорно во помилувањето на Равмановски, како и на уште еден „интересен лик во негативна смисла“ – Шенол Маслани, близок до групата „Беланоца“.

Да биде иронијата поголема, Равмановски е осомничен дека извршил обид за убиство додека одлежувал затворска казна, а братот на Маслани деновиве учествувал во огнена престрелка.

И покрај сето тоа, Сиљановска смета дека ниту таа, ниту Комисијата немаат вина за спорните помилувања, бидејќи таква одлука донеле врз основа на досиеја подготвени и сервирани од Судот, според кои првиот бил осуден само поради пиштол со неколку куршуми, а вториот не направил ништо страшно, освен тоа што, нели, превезувал група насилници што учествувале во тепачка?!

И декларативно, и програмски, претседателката предизборно се обврза дека нејзини главни заложби ќе бидат правото и правдата, владеењето на правото, европските вредности, но каква врска имаат овие постулати со помилувањето контроверзни лица со криминална историја и заднина?

Како и да се врти работата, факт е дека осудениците добиваат намалена казна или целосна слобода со потписот на Сиљановска, па бегањето од одговорност и префрлувањето на топката на друга адреса претставува исклучиво политички резон, што укажува дека професорката, која велеше дека правото е пред политиката, веќе забрзано еволуира во политичарка.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК