Поранешна фирма на зетот на Минчо ќе го воскреснува пропаднатиот градежен гигант со вреден имот, кој на пола остави јавен објект, споменик, хотел и црква!

by fokus

Градежната компанија „Бетон Скопје“, која ја поседуваше бизнисменот Минчо Јорданов преку офшор-фирма од Британските Девствени Острови, многу години важеше за гигант на домашниот пазар.

Всушност, така беше сѐ додека фирмата не престана да добива јавно спонзорирани зделки, но главните тешкотии се јавија кога речиси сите договори со државни органи беа раскинати, а имотот на друштвото – замрзнат. Во таква ситуација, тоа падна во стечај, и, како што засега стојат работите, не оди кон ликвидација, туку кон рестарт.

Имено, план за реорганизација на скопски „Бетон“ доставил „Фего Инженеринг“, чиј косопственик порано бил зетот на Јорданов – Горан Мауровски, кој, патем речено, во 2 други компании соработува со моменталните двајца содружници на „Фего Инженеринг“.

Оттука, поранешна фирма на Мауровски се обидува да ја воскресне пропаднатата градежна компанија што ја поседуваше неговиот дедо Јорданов пред да падне во стечај, притоа оставајќи ги недовршени објектот на Народна банка, споменикот „Мајка Тереза“, хотелот до ВМРО-ДПМНЕ, како и црквата „Свети Константин и Елена“.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК