Полициски инспектор купил деловен простор на „Гранит“ во Делчево за драстично пониска цена од општинската проценка и од пазарната вредност!

by fokus

Според документацијата што ја обезбеди „Фокус“, АД „Гранит“ му продал деловен простор во Делчево на полициски инспектор, кој за 723 квадратни метри платил 43.500 евра.

Но, кога купувачот требало да плати данок на промет на недвижности, општината го проценила овој имот на 156.000 евра, што е 3 и пол пати повеќе отколку договорената купопродажна цена, додека пазарната вредност е поголема и од проценетата.

Претходно, пишувавме и за спорната продажба на хотелот на „Гранит“ во Дојран, за која тече судска постапка. Исто така, обелоденивме дека градежниот гигант го продал и хотелот на Попова Шапка на фирма-загубар со еден вработен, непосредно пред да го добие вториот милионски тендер за комплетирање на автопатската делница кон Блаце.

Подоцна се испостави дека фирмата-купувач на хотелот го поседува луксузното „ауди“ што го управувал првиот вицепремиер Артан Груби пред да биде опожарено.

Додека обвинителството и полицијата го бараат виновникот, антикорупционерите вршат проверка на имотната состојба на Груби и на неговото семејство. Сепак, наидуваат на опструкции.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК