Политички проблем од техничко прашање!

by fokus

Уште неформирана, техничката влада се заканува да предизвика политички проблем. Прво ВМРО-ДПМНЕ тактизираше со учеството во преодната влада под раководната палка на Џафери, но, сепак, реши да номинира свои кадри, без да ја гласа во Собранието.

Поради тоа, сега СДСМ и ДУИ одбиваат да ги предложат вмровските министри штом опозициската партија одбива да го поддржи цел кабинет. Доколку опозицијата остане надвор од владата и не го постигне посакуваниот изборен резултат, тогаш речиси сигурно ќе ги спори изборните резултати, како и веродостојноста на изборниот процес.

Зошто власта ризикува такво сценарио, со аргументи од типот дека некои постапки на ривалите ги немало никаде во светот, особено имајќи предвид дека кај нас за првпат се тестирале многу политички модели, вклучително и техничката влада во ваков формат?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК