Политички игри зад кулисите: Ахмети стокмил план за амнестија на Груевски, а Заев му нудел пратеници на Мицкоски за предвремени избори?!

by fokus

Експресните измени на Кривичниот законик, со кои се ублажуваат казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, постигнуваат неколку цели.

Прво, се врши моментална амнестија на функционери од оваа владејачка гарнитура за кои има тековни постапки и идна амнестија на оние што би се нашле под прогон по промена на власта.

Второ, се подава рака кон ВМРО-ДПМНЕ, која декларативно беше „против“, но практично обезбеди кворум за овие измени, што воедно овозможуваат амнестија и на многу вмровски функционери, главно опфатени во предмети на СЈО.

И трето, се врши делумна амнестија на експремиерот Груевски, кому ќе му застарат повеќе дела, додека за останатите се споменуваат други модалитети и начини. Откако Пендаровски одбил да го помилува, во игра влегува Врховниот суд.

Што говорат информациите на „Фокус“?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК