Починале 20 деца на Детска клиника за само половина година – дел од лекарите се нестручни, а има и обиди да се забошотат пропусти?!

by fokus

Детската клиника се смета за една од најкритичните клиники, со оглед на тоа што таму се хоспитализираат најтешко болните деца. „Фокус“ веќе подолг период се занимава со оваа тема и со тоа што, всушност, се случува во оваа скопска клиника?

Според последните податоци до кои дојдовме, за период од точно 5 месеци, односно од 1 јули до 30 ноември годинава, починале вкупно 19 деца.

Само во октомври и во ноември починаа неколку од нив, а од ваквиот тренд не беше исклучок ниту тековниот декември, со оглед дека деновиве клиниката ја стресе уште еден трагичен случај со смртта на 7-месечно бебе.

И покрај врвните лекари што работат во болницата, сепак таму можат да се најдат одредени што се постојано на службени патувања, „едукации“, но и такви што се редовно на боледувања, и тоа по цела година.

Пишува
Ирена МУЛАЧКА

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК