По тригодишна соработка со РЕК „Битола“, битолски „СВ-Инвест“ доби забрана за тендери, па падна во стечај!

by fokus

Од 2018 година досега, „СВ-Инвест“ склучил 30 договори за јавна набавка во вкупна вредност од над 6 милиони евра, при што најмногу и највредни тендери добил од АД ЕСМ за работа во РЕК „Битола“.

Но, во март годинава, битолската компанија заработи забрана за учество на тендерски постапки, бидејќи одбила да склучи договор, иако претходно била избрана за најповолен понудувач.

Истовремено, против фирмата е отворена стечајна постапка, во чии рамки побарувања имаат повеќе компании и банки, а контроли врши и УЈП.

Дали друштвото оди кон ликвидација или можна е реорганизација?

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК