Планот „А“ и планот „Б“ за името и за НАТО

by fokus

„Загревањето“, и на овој студ, започнува. Медијаторот Метју Нимиц идната недела во Брисел ќе се сретне со преговарачите за името. Што сѐ и тој, но и Вашингтон, Брисел и Берлин, нашите меѓународни пријатели не „измислија“ за да се разреши овој „замрзнат конфликт“, ризичен за Македонија, за Балканот, но и за НАТО. За Скопје и Атина да се најдат „на половина пат“.

Се леташе со авион, ама често имаше „блокади“ на аеродромите, ветришта и црни облаци, лоша навигација, а и пилотите не беа асолни. Потоа, се одеше на суво, или по земја. Се покажа дека има планини што ги делат Скопје и Атина, тешки и за трчање, и за возење. Никако да се истрча последниот километар од македонско-грчкиот маратон. Зошто тогаш да не се проба да се исплива?

Тука е Вардар, таму е Егејско Море. Затоа, „Пливај сине, ене каде е компромисот“. И ќе пливаат, оти кога се мора, ништо не е тешко. Некој во поплитко, некој во подлабоко. Само, да не потонат. Белки ќе нема ајкули, туку делфини. А пливачите  околу вратот ќе имаат по еден клуч. Оној за заемно прифатливото име, кој е во Скопје и во Атина. Знаејќи дека ако го изгубат, има калауз во Вашингтон и во Брисел.

Пишува
Александар ДИМИТРОВ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС”