Парадоксот на полтроните: колку поскапо си ги купил, толку поевтино ќе те продадат

by fokus

Од послушници нема ќар на долг рок. Од било кој тип од наведените четири.

Професионалците ќе ти служат додека имаш моќ, ама штом за миг ја изгубиш, баш тие ќе удрат по тебе по наредба на новиот газда. Реформаторите ќе ти се додворуваат додека им зависи напредувањето од твојата милост, ама дојдат ли до врвот ќе фатат сопствена агенда да тераат која често е баш против твоите вредности и идеали.

Никој нема да ти изгледа полојален од шпионите ама баш тие пред нос ќе ти работат зад грб цело време. Оние порочните се пред сѐ слуги на својот порок, па ако некој друг се најде да им го задоволи подобро од тебе, ќе се свртат против тебе дур си рекол „Халкидики“.

Тоа е парадоксот на полтроните: колку поскапо си ги купил, толку поевтино ќе те продадат.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК